Вулверхемптон следи 5.000 фудбалери

Спортскиот директор на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, Кевин Телвел, откри дека неговиот клуб секој месец следи околу пет илјади фудбалери.

„Секој месец добиваме извештај за околу 5.000 фудбалери. Сето тоа е голем процес. Не сакаме да седиме и да чекаме, интересно е да се истражува и да се бараат квалитетни играчи“, вели Телвел.

Клубот од 2016 година е во сопственост на кинеската инвестициска компанија „Fosun International“ и од тогаш на „Молино“ стадионот дојдоа 37 нови играчи.

Вулверхемптон во моментов е на средината од табелата на Премиерлигата, на деветтото место со 15 бодови, но нивните цели се многу поголеми“.

„Сопствениците на клубот сакаат уште повеќе да вложат во екипата, не сме ниту блиску до одлуката за јануарскиот преоден рок“, додава Телвел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.