VW ќе плати за пријавувањата на работниците на воената хунта во Бразил

Германскиот автомобилиски гигант „Volkswagen“ (VW) објави дека ќе плати околу 36 милиони реали, или 5,58 милиони евра, како отштети и донации поради пријавувањето на поранешните работници на бразилските власти за време на воената диктатура од 1964 до 1985 година.

Во истрагите за злосторствата сторени во времето на воената диктатура, владината комисија принашла докази дека некои компании, меѓу кои и „Volkswagen“, тајно ѝ помагале на армијата да ги идентификува сомнителните „субверзивни“ и синдикални активисти меѓу своите работници. Многу работници биле отпуштени, притворени или биле изложени на полициски малтретирања и со години подоцна не можеле да најдат работи, покажа истрагата од 2014 година.

Во средата „Volkswagen“ потпиша договор за спогодба со бразилските државни и сојузно обвинители во Сао Паоло, којашто вклучува исплатата на 16,8 милиони реали на здружението на поранешните вработени и нивните преживеани издржувами членови на семејствата. Преостанатата сума ќе бдие донирани во проекти поврзани со човековите права.

Бразилските обвинители изјавија дека со оваа спогодба ќе се решат и три истраги по 2015 година.

„Важно е одговорно да се постивиме кон тоа негативно поглавје во историјата на Бразил и да ја промовираме транспарентноста“, истакна членката на управата на „Volkswagen“, Хилтруд Вернер во соопштението на португалски јазик.

Историчарот Кристофер Копер од универзитетот во Билефелд, кој го истажувал случајот за „Volkswagen“, изјави дека спогодбата ќе биде историска.

„Ова е првпат германска компанија да ја презема одговорноста за кршњее на човековите права на сопствените работници во настануте во периодот по завршувањето на националсоцијализмот“, изјавил Копер за радиостаниците NDR и SWR и дневниот весник Sueddeutsche Zeitung кои први објавија за спогодбата.

Истрагата на Копер утврдила соработката меѓу бразилските агенти на тајните служби во „Volkswagen“ и воениот режим, но нема јасни докази дека таа во компанијата била институционализирана, се наведува во соопштението на VW.