WIZZ AIR најавува специјални летови од Скопје за Европското фудбалско првенство 2020

82

WIZZ AIR, најбрзо растечката и најзелена авиокомпанија во Европа*, најавува специјални летови посветени на сите спортски ентузијасти кои сакаат да го поддржат националниот фудбалски тим на Македонија за време на нивното прво учество во групите на UEFA, Европското фудбалско првенство 2020

. Следствено на тоа, вкупно 20 летови ќе им понудат на фановите шанса да ги следат натпреварите од Група Ц (која ги вклучува Северна Македонија, Австрија, Холандија и Украина) кои ќе се одржуваат во Букурешт и Амстердам следната година на 13ти, 17ти и 21ви Јуни. Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com или преку мобилната апликација на WIZZ AIR.

 Добро познати по тоа што нудат различни можности за патување на патниците ширум Европа, WIZZ AIR влегува во игра и им овозможува на фановите да патуваат безбедно и лесно за да го гледаат својот национален тим. 20 летови се организирани помеѓу Скопје, Букурешт и  Ајндховен овозможувајќи го совршениот тајминг за фановите да стигнат на натпреварите и да се вратат дома, притоа искусувајќи уникатно фудбалско искуство.

Специјални WIZZ AIR летови од Скопје за Европското Фудбалско Првенство 2020:

 

РутиДатумБр. На летови
Скопје – Букурешт Отопени – Скопје13/14/17 Јуни 202116
Скопје – Ајндховен – Скопје21 Јуни 20214

 

Натпреварите на Северна Македонија во Група Ц на Европското Фудбалско Првенство 2020:

НатпревариДатумВреме на почетокГрад
Австрија – Северна МакедонијаЈуни 13, Недела18:00Букурешт
Украина – Северна МакедонијаЈуни 17, Четврток15:00Букурешт
Северна Македонија – ХоландијаЈуни 21, Понеделник18:00Амстердам

 

„Ние сме многу среќни што ги најавуваме овие специјални нискобуџетни летови меѓу Скопје и Букурешт и Скопје и Ајндховен и што им овозможуваме на фудбалските фанови од Северна Македонија можност да искусат едно неповторливо искуство гледајќи ги во живо натпреварите на својот национален тим на Европското фудбалско првенство првпат во историјата на земјата“, вели Паулона Госк, менаџер за корпоративни комуникации изјави:

 

 

За повеќе информации:

 Paulina Gosk; Wizz Air Group; communications@wizzair.com

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.