
Синот на американскиот прететседател Џо Бајден, Хантер Бајден во своите мемоари наведува дека на наркотици и алкохол ги потрошил парите кои ги заработил додека бил на висока позиција во украинската енергетска компанија „Bursima“, пишува весникот The Washington Post, кој добил копија од матерајот подготвен за издавање.
Во својата нова мемоарска книга „Прекрасни нешта“ (Beautiful Things), Бајден помладиот наведува парите заработени во Украина помогнале кај него да се поттикне зависност од алкохолот и дрогите кои нанеле штета на негвоите односи со семејството и кариерата. Како што пренесува The Washington Post, Хантер детално раскажува како се борел со зависноста и болката по смртта на неговиот брат Бо од рак во 2015 година, како и за многубројните падови и удари во текот и по рехабилитацијата, обидите на семејството да му помогне…
„За само последните пет години, се распадна мојот брак кој траеше две децении, кон моето лице беа ставени пиштоли, во одреден момент целосно исчезнав, живеев во мотел (…) на автопатот И-95, каде земаа 59 долари за ноќ, преплашувајќи го своето семејство дури повеќе од себеси“, цитира весникот дел од книгата на Хантер Бајден која треба да се појави на 6-ти април.
Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ а неговиот татко Џо Бајден во 2016 година стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден, кој остана член на управата на „Burisma“ до 2019 година.
Голем дел од книгата, како што наведува The Washington Post, е посветен на неговите лични борби, но ја брани и својата деловна кариера која беше главната цел на напади на републиканците. Хантер, сепак, признава дека му помагала политичката кариера на неговиот татко, но тврди дека ниту самиот тој ниту татко му не сториле ништо незаконско, особено поврзано со „Burisma“.