Почина Виктор Мизрахи – долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Македонија

Денеска по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.

Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

Виктор Мизрахи е татко на пратеничката Рашела Мизрахи. Таа од него се прости на социјалните мрежи.

Збогум тато.  Велеше да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото. До следно видување. Виктор Самуел Мизрахи (1950-2022), напиша таа на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.