YouTube ќе емитува интерактивни емисии

Сервисот за размена на видео материјали YouTubе ќе започне со емитување интерактивни шоу програми за што ќе биде одговорен специјален оддел во компанијата кој ќе го предводи Бен Релс, пренесува агенцијата Bloomberg.

Како што се наведува во информацијата, Релс во YouTube работи веќе седум години и претходно бил ангажиран во креирање импровизирани програми.

„Сега поседуваме неверојатни нови алатки и способности за создавање повеќеслојни и интерактивни стории“, вели Сузан Даниелс, шефица на одделот на YouTube за производство ексклузивни содржини.

Во материјалот на Bloomberg се истакнува дека YouTube веќе има конкурент во Netflix кој работи веќе во овој формат. Компанијата веќе емитуваше интерактивни детски емисии, а во декември 2018 година на платформата се емитуваше премиерата на интерактивниот филм „Црно огледало…“, во кој гледачите може да влијаат на развојот на сижето, носејќи одлуки за главниот лик.

Претходно беше објавено дека Netflix во април ќе го емитува интерактивното семејно шоу „Ти против дивиот свет“ со британскиот патешественик, телевизиски водител и експерт за преживување Беар Грил.

Се истакнува, исто така, дека YouTube веќе експериментирале со интерактивните реклами, но програмите со неколку проказни бараат многи поголема инвестиција.