Преку „Македонија вработува“ отворени 15.200 работни места
Преку проектот „Македонија вработува“ досега отворени 15.200 нови работни места. Тоа значи дека 60 нови вработувања се отворале секој ден или како да се отворени 15 нови фабрики со 1.000 вработени лица, истакна Пешевски при отчетот.
Ги ослободивме, рече, од персонален данок и од плаќање задолжителни социјални придонеси компаниите. – Оценивме дека сакаме да ја нападнеме невработеноста и превземавме мерки, истакна Пешевски.
Потсети дека проектот „Македонија вработува“ не бил насочен кон една целна група туку кон пет категории – невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години.
Тој информира дека овој проект се уште трае и треба да заврши на 15 април.
Компаниите се уште можат да аплицираат и до крајот очекуваме бројот на работни места да достигне околу 16.000 лица. Распределбата е рамномерна помеѓу сите региони низ Македонија. По старосни групи најголем број вработувања имаат оние до 35 години. Проектот ги адресира прашањата на целото население. Оние кои се потешко вработливи на овој начин се покажа дека може да им се помогне, истакна Пешевски.
Преку мерката за млади вработени 12.200 лица до 29 години
Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска давајќи отчет за сработеното во изминатиот период информира дека само преку мерката за млади се вработени 12.200 лица до 29 години.
Преку мерката за вработување на млади лица до 29 години која започна од март 2014, а заврши сега на 14 март оваа година. Се вработија 12.200 млади лица во Република Македонија во 5.290 компании, истакна спасов на презентацијата на отчетот што го организира ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите години.
Оваа мерка, додаде Спасов, го иницираше и Проектот Македонија вработува.