За 1050 евра превезувале лажни азиланти

Три лица заработија кривична пријава бидејќи го прекршиле безвизниот режим и организирале превоз на лажни азиланти и илегално преминување на границата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против 41-годишниот И.А. и 34-годишниот В.М. од Кочани и 35-годишниот Р.И. од Скопје.

Пријавените во соработка со други лица  директно или преку нивни соработници од подрачјето на Штип, Пехчево, Кочани и Виница, пронаоѓале лица, потенцијални баратели на азил за Европските земји и за истите организирале превоз од Македонија до Германија и други западноевропски земји.

Тројцата пријавени прво наоѓале лажни азиланти, им ја кажувале цената а потоа ги носеле до граничниот премин Блаце каде им помагале илегално да преминат границата до граничниот премин Хани Елези. Откако ќе ги оставеле во Косово г превземале друга група која преку Србија ги носела до Германија.

Завчера  со примена на посебни истражни мерки документиран е транспорт кој го организирал пријавениот И.А. и за истиот го ангажирал пријавениот В.М. којшто со комби,  „Рено“ со германски регистарски таблички организирале и оствариле превоз на вкупно шест лица од Пехчево и тоа од на релација – Кочани преку Штип и автопатот Велес-Скопје до одредена локација во близина на Блаце.

Во близина на село Блаце, И.А. и В.М. заедно со лицата бил пречекан од пријавениот Р.И., кој ги превзел, а потоа ги предал лицата на други лица-нивни соработници да ги пренесат пеш преку македонско-косовската граница, а В.М. и И.А. се упатиле на ГП Блаце за да остварат легален излез од Р.Македонија. Но,  по известување од страна на македонските полициски служби пријавените заедно со лицата што ги преввезувале се пронајдени од страна на полициските службеници на ГП Хани Елези кои ги вратиле и предале на македонските полициски службеници на ГП Блаце.

По лишувањето од слобода, со лицата кои биле превезувани е извршен разговор и утврдено е дека исите пред тргнувањето на пријавените им исплатите 300 евра, а договорено било по пристигнувањето во Германија да им дадат уште 850 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.