За 12 часа казнети 265 возачи

Во текот на вчерашниот ден (11.06.2022) во периодот од 08.00 до 20.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 2 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 123 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 88 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.