За 20 дена во Академијата за судии и јавни обвинители се сместени роднини на функционери на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот ТВ Дуел обвинува дека власта изминатите 20 дена во Академијата за судии и јавни обвинители сместила роднини, ќерки и синови на функционери на СДСМ, меѓу кои и снаата на Цветанка Иванова.

-Само ќе кажам неколку примери што можат да кажат на 20 дена пред избори. Па така да речеме Академијата на судии и јавни обвинители, таму знаеме кој е претседател, Драган Јосифовски да речеме, тој е син на Елизабета Јосифовска, обвинител од Специјалното јавно обвинителство, потоа имаме Билјана Смаќовска таа е ќерка на Гордана Смаќовска, обвинител во Организиран криминал, потоа ја имаме Билјана Иванова, таа е снаа на Цветанка Иванова, потоа го имаме Зоран Здравев син на претседател на судскиот совет, го имаме Кирил Ѓоргиев и ред други, вели Мицкоски.

Тој додаде дека со ваков начин на делување не може да се очекува Македонија ќе биде правна држава, односно како што рече Мицкоски можеме само да очекуваме враќање назад.

-Со ваков начин, со ваков пристап на избор на делители на правда ние не можеме да очекуваме дека сега нешто драматично ќе се промени. Можеме само да очекуваме враќање назад, рече Мицкоски.