За 24 часа 12 сообраќајки и 7 потешко повредени

Вкупно 12 сообраќајни незгоди се случиле во Скопје и околината во текот на вчерашниот ден, во кои со телесни повреди се здобиле пет лица, а со тешки телесни повреди две.

Според информациите на СВР Скопје и денеска е висок бројот возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак-69. Исклучени од сообраќај вчера се и 15 возачи, од кои дури 12 воопшто немале возачка дозвола, еден управувал под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници.

Полицијата од сообраќај исклучила и 10 нерегистрирани возила.

За не прописно паркирани моторни возила се издадени 44 казни, додека „пајакот“ подигнал 50 возила.

Дваесет и осум возачи коируистењлњ мобиулен телефон за време на управување на моторно возило, 10 не носеле сигурносен појас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.