За 24 часа 111 новозаболени од Ковид-19, две лица починаа

Сто и единаесет новозаболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Две лица починаа, а шест пациенти се оздравени. Направени се вкупно 854 тестови за коронавирусот.

Со денешниот биланс вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

Како што соопшти Министерството за здравство најголем број од новорегистрираните случаи се во

Скопје – 63,
Куманово – 11,
Штип – 12,
Тетово – 8,
Велес – 3,
Охрид – 1,
Гостивар – 3,
Крива Паланка – 1,
Кочани – 9.