За 24 часа нови 56 ковид случаи, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестови, а се регистрирани  56 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (56), има 9 реинфекции.

Оздравеле 69 пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г) кои починале во домашни услови. Лицата починале од 16.09 до 25.09.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544, а на активни случаи изнесува 432.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.