За 24 часа нови 75 случаи на ковид, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 745 тестови, а се регистрирани 75 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), 23 се реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21.09 до 02.10 2022, во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539, а бројот на активни случаи изнесува 446.