На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19.
Ваква информација објави грчката телевизија „Мега“.
Јавуваат дека интензивната контрола извршена во Промахонас во последните неколку денови покажала дека постои група која продава лажирани потврди за туристи кои сакаат да ја преминат границата.
Се работи за потврди кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот за коронавирус.
Станува збор за документи од неофицијални лаборатории каде името на пациентот се менува за паричен надомест.
Ваквите фалсификувани тестови ги открила полицијата, а поради ситуацијата решено е од следната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.
Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас вчера, најавувајќи ги новите мерки за коронавирусот, кажа дека кај Промахонас детално ќе бидат проверени тестовите што покажуваат негативни резултати и дека во случај на лажни тестови ќе бидат пропишани санкции.
Ново е тоа што амбасадорите на 27 земји членки на ЕУ ги тргнаа Србија и Црна Гора од листата на земји за кои досега важеше препорака за можност за патување преку надворешните граници на Шенген зоната.