За Ахмети е прифатливо шефот на државата да се избира во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека за неговата партија е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори.

Ние оваа тема ја потегнавме пред  десет  години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.

Може да се претпсотави дека Ахмети со ваквите ставови го подготвува теренот за Талат Џафери да биде Претседател на Македонија. Таквата можност за Џафери се отвора и доколку се случи тивок бојкот од страна на албанскиот дел од електоратот во вториот изборен круг и неможноста да се оствари изборен цензус. Тоа би претпоставило поставување на прашањето шефот на државата да се избира во парламентот, и секако нова прилика за ДУИ да се пазари со коалициониот партнер во власата СДСМ на Зоран Заев.