За Ахмети прифатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Челникот на помалиот партнер во Владата – ДУИ, Али Ахмети, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за нив е прифатлибво кадровското решениер на опозициската партија за технички министер за внатрешни работи.

Ахмети, како и претходно Мицкоски, без да го открива името на предложениот кандидат, рече дека станува збор за докажан професионалец кој не бил познат како политички активист во цивилниот живот.

Лидерот на ДУИ оценува дека оттаму тоа ќе биде добро решение, како за МВР така и за мирот и безбедноста. Се надева дека ова решение ќе биде прифатливо и за СДСМ но остава да помине разговорот Мицкоски и Заев.

Мицкоски претходно излезе задоволен од средбата во Ахмети која траеше дваесетина минути, за која оцени дека била многу добра и дека нивното кадровско решение било прифатено од страна на ДУИ. Тој не исклучи можност во кадровските решенија да биде вклучена и албанската опозиција, но за тоа остави простор да се разговара во наредните денови доколку има средби.

Во врска со најавите на премиерот Заев за промена на изборниот модел, Мицкоски рече дека ќе разговара на секоја тема која е во интерес на граѓаните. За лидерот на ДУИ пак не е прифатливо промена на изборниот модел пред избори, што Ахмети го нарече непристојно време за такво нешто. Разговорите за промена на изборниот модел ги остава за после изборите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.