За албанскиот претседател Мета судирот со полицијата бил обид за државен удар

Албанскиот претседател Илир Мета нтервенција на полицијата во седиштето на партијата Нов демократски дух (FRD)- претходо во петокот ја нарече обид за државен удар.

Мета вели дека писмото испратено од општината за ослободување на канцелариите нема ниту печат, ниту тутулар, ниту број на протокол и е направен за да се наруши која било опозициска сила.

Мета ја нарече општината „банда“ и ја повика опозицијата „да се разбуди и да не дозволува никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна“.

„Сметам дека е обид да се изврши државен удар, затоа што вакво однесување кон опозициска партија веднаш по потпишувањето на изборна коалиција со Демократската и другите опозициски партии, да се донесе такво писмо што нема печат, без број на протокол и потпис, барање направено во брзање само за физичко, но и психолошко кршење на секоја опозициска сила, злоупотребувајќи ја општината-банда, е несомнено крајно иритирачки и претставува предупредување за албанските граѓани за мафијашките напори да стават рака на рамноправен глас, како и врз изборниот процес. Ја повикувам целата опозиција да се разбуди и да не дозволи никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна за албанскиот народ ако продолжи да го толерира однесувањето на партијата на бандите“ изјави Мета.

Објасни што се случувало сè до судирот со полицијата, предупредувајќи ги вработените во општината и оние на државната полиција да ги спроведуваат законите.

„Дојдов по телефонскиот разговор претседателот на FRD, Шеху за оваа ситуација. Случајно минував тука и видов како го малтретира полицијата без никакво овластување, дури и во присуство на Претседателот на Републиката. Ги предупредувам уште еднаш сите полицајци, од општинската и државната полиција, да ги спроведуваат законите! Да не завршат како полицајците на Мубарак, под чевлите на албанскиот народ. Тоа е тоа“, рече Мета.

Предупредување имаше и за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, при тоа индиректно порачувајќи му да не ги почитува наредните на премиерот Рама, кого го нарекува луд.

„Му кажувам на градоначалникот на бандата: вие многу добро знаете што сте направиле без потписи и со потписи. Затоа, не почитувајте ги повеќе наредбите на лудиот, затоа што тој ќе ја извади картата на ментално болен на 25 април или можеби дури и порано“, рече Мета.

Претходно,како што пренесоа медиумите Мета насилно се судрил со полициските службеници во просториите на ФРД, заканувајќи им се дека ќе ги стави во затвор.

„Излезете надвор, не создавајте проблеми, зошто ја малтретирате опозициската партија? Ви велам: Јас ќе ве одведам во затвор со свои раце, тоа е она што ви го велам“, им се заканил Мета на крајно изненадените и револтирани полицајци.

Полицијата била присутна за да асистира во ослободувањето на просториите кои партијата требало да ги ослободи по барање на општината, а за што краен рок бил денешниот ден.