За Алексеј Пушков демонстрантите во Киев се „агресивно малцинство“

42

Според претседателот на Комисијата за меѓународна политика во рускиот парламент, Алексеј Пушков, демонстрациите на плоштадот „Независност“ во Киев не ги изразуваат ставовите на украинскиот народ, пренесе „Интерфакс“.

За време на расправата за ситуацијата во Украина, во рускиот парламент, Пушков посочи дека учесниците во проевропските демонстрации во Киев претставуваат агресивно, но активно малцинство.

„Таму може да има многу луѓе, да не ги омаловажаваме настаните. Но дури и тие да се 100 илјади лица, немаат право да ја решаваат судбината на Украина. Судбината на земјата треба да биде решена само преку избори“, рекол тој.

Во врска со потпишувањето на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, Пушков изјави дека политиката за привлекување на Киев кон сферата на влијание на ЕУ е изградена врз митологија.

„Оваа политика се базира на митови и измама. Нејзината цел е да ја оддалечи Украина од Русија. Тоа е нејзината главна задача“, посочил уште пратеникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.