За Бајден 306, за Трамп 232 електорски гласови, според Edison Research

Демократскиот кандидат на американските претседателски избори од 3-ти ноември Џо Бајден го победил актуелниот претседател Доналд Трамп во сојузната држава Џорџија, додека републиканецот ја освоил Северна Каролина, со што Бајден освоил 306 а Трамп 232 електори, објави агенцијата Edison Research во петокот во своите проекции.

Трамп сѐ уште не го признава поразот, надевајќи се дека ќе ги потврди своите и тврдењата на мнозинството републиканци дека изборите биле наместени, откако по изборната ноќ нагло почна да се топи неговата дотогашна предност во клучните држави.

Резултатите беа објавени на основа на пресметките на водечките американски медиуми, невообичаено за САД дури четири дена по изборите, а агенцијата задолжена за официјализирање на резултатите сѐ уште не се огласи.

Сојузната држава Пенсилванија, каде што е роден Бајден, според овие медиумски процени му ги дала на неопходните 20 електорски гласови со кои ја минал во неделата границата од неопходните 270 електори.

Седумдесет и седумгодишниот Бајден е убеден дека на 20-ти јануари ќе ја положи свечената обврска за 46-ти претседател на САД и ќе влезе во историјата како најстариот избран американски претседател.