За Бајден самитот со челниците од југоисточна Азија е почеток на „нова ера“

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот првиот самите во Вашингтон со челниците на Асоцијацијата на државите југоисточна Азија (ASEAN) го опиша како „почеток на новата ера“ во односите меѓу САД и блокот од девет земји.

На затворањето од овој дведневен состанок на врвот, Бајден рече дека „голем дел од историјата на нашиот свет во следните 50 години ќе биде нашишан во земјите на ASEAN, а нашиот однос со вас е динина во наредните години и децении“.

Ова е првиот самит во историјата на кој челниците на земјите од ASEAN во Вашингтон и нивна прва средба чијшто домаќин бепе американскиот претседател по 2016 година.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се надева дека со овој самите Вашингтон ќе ги убеди своите сојузници дека остануваат концентрирани на новонаречениот Индо-Пацифички региони и на американскиот долгорочен предизвик Кина, и покрај силното политичко и воено ангажирање против Русија во Украина.

„Покренуваме нова ера во одностие меѓу САД и ASEAN“, порача Бајден.

Претходно американската потпретседателка Камала Харис на челниците на ASEAN дека САД „ќе останат во регионот со генерации“ и ја истакна потребата за „одржување на слободата на морето“, за која Вашингтон тврди дека Кина ја оспорува.

„САД и ASEAN споделуваат визија за овој регион и заедно ќе ја чуваме од заканите за меѓународните прописи и норми“, рече Харис.

ASEAN го сочинуваат Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Тајланд и Виетнам, иако челникот на Мјанмар е исклучен од самитот поради државниот удар минатата годин, а сојузникот на САД – Филипини се во транзиција по претседателските избори и го застапуваше министерот за надворешни работи.

Вајден во петокот најави дека именува нов амбасадор во ASEAN, Јоханес Абрахам, моментачниот шеф на неговиот Совет за национална безбедност, за да се пополни местото испразнето од почетокот на администрацијата на претходниот претседател Доналд Трамо во 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.