За Бејлор титулата во НCAA

19

Кошаркарите на Бејлор ја освоија титулата универзитетски шампион на САД, откако во финалето на NCAА лигата во Индијанаполис ја совладаа фаворизраната екипа на Гонзага со 86:70 (47:37).

За Бејлор ова е втората титула во историјата на универзитетот, првата ја освоил во далечната 1948 година, додека Гонзага сѐ уште го очекува својот прв триумф во ова популарно натпреварување.

Бејлор одлично го започна мечот поведувајќи со 9:0, а набрзо имаше водство од 21:6, за кон крајот на првото полувреме да дојде и до највисоката преднсот од 19 коша (45:26). Гонзага со серија 11:2 на одморот дојде до 10 поени заостанување (37:47), но во продолжението не успеа да ја продолжи серијата. Најблиску стаса до девет поени заостанување (49:58), а пред самиот крај Бејлор повторно дојде до 19 разлика (84:65).

Кошаркарите на Бејлор одлично ги служеше шутот, покрај тоа имаа и голем број одземени топки што го користеа за лесни поентирања, а токму тоа беше квалитетот на Гонзага во текот на целата измината сезона.

Најдобри во тимот на Бејлор ба Џаред Батлер со 22 коша и 7 асистенции, Мачио Тиг со 19 поени и Дејвион Мичел со 15 коша, 6 скокови и 5 асистенции, додека кај Гонзага најмногу покажа Џејлен Сагс со 22 коша, а Дру Тим и Кори Кисперт додадоа по 12 поени.

И Бејлор и Гонзага по вторпат играа во финалето на NCAA турнирите. И додека Бејлор и двата пати славеше, во 1948 и 2021 година, додека Гонзага и двата финални дуели загиби, во 2017 година од Северна Каролина, а годинава од Бејлор.

Гонзага така не успеа да стане втората екипа во историјата којашто ја одиграла целата сезона без пораз, успех кој го оствари досега само Индијана во 1976 година. Гонзага годинава оствари 26 победи во исто толку натпревари во лигашкиот дел и пет победи на завршниот турнир, но не успеа да го направи последниот чекор. Бејлор, пак, во регуларниот дел имаа сооднос 22:2.

Последниот тим кој стаса до финалето во пораз во сезоната беше Индијана Стејт во 1979 година за кој тогаш играше подоцнежната легенда на Бостон Селтикс, Лари Бирд, но во финалето беше поразен од Мичиген Стејт предводен од неговиот голем ривал од Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.