За Бектеши граѓаните се виновни за високата цена на зејтинот

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на Ваша страна, вели дека граѓаните купувале масло за јадење непотребно а со тоа ја зголемиле и побарувачката за два пати повеќе од минатата година, додавајќи дека тој неколку пати укажал дека со тоа ја влошуваат состојбата и влијае на цената.
Во делот на зејтинот, денес имав можност да разговарам со сите производители и повеќето национални ланци на трговци на нашата држава, каде што се утврдени некои работи заради тоа што нема масло за јадење во рафтовите. Треба да се каже јавно, дека побарувачката од страна на купувачите е зголемена повеќе од два пати од просечната, од тоа што била минатата година и од тоа што била во претходните месеци, што значи дека се купува масло за јадење непотребно и тоа сум го кажал во неколку наврати дека може да ја влошува состојбата и да влијае и во цените на маслото за јадење, вели Бектеши.