За Боки 13 снимките не се докази, туку нејасни приватни разговори

На денешното рочиште за случајот “Рекет” се прзентираа видео снимки, кои со камера ги снимил бизнисменот Орце Камчев.

На првата снимка се слушаа разговор меѓу Камчев, Јовановски и Ана Камчева.

Во неа се слуша како Боки 13 во детали ги објаснува чекорите како ќе постапи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со случајот „Империја“ во кој беше осомничен и Орце Камчев.

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.

По првиот разговор беа презентирани уште седум снимки.

Во еден разговор се слуша гласот на Камчев како му вели на Боки 13 дека му ги спремил парите и му направил спецификација.

 

На спикерфон се вклучува и Јанева. Боки и кажува дека Камчев ќе го прати Тони во среда, четврток.

 

-Ќо го прати со гаранциите за пасошите, а потоа со согодбите и другото, вели Боки.

Катица вели: „Другото јас сè го држам под контрола“, на што Боки 13 вика: „Не, он се плаши од Лиле“, на што Камчев реагира „Не се плашам бе!“, по што женскиот глас додава: „Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

Од страна на ОЈО денеска повторно беа презентирани видео снимки направени во домот на Орце Камчев. На снимките се гледа како Боки 13 прв излегува од куќата на Камчев, а зад него со торба „луј витон“ оди сега веќе осудениот Зоран Милески.

– Бидејќи доаѓам од медиумскиот свет, можам слободно да кажам дека ова е една груба аматерска монтажа – реагираше Бојан Јовановски.

За обвинетиот Јовановски, тоа биле нејасни приватни разговори и побара судот да не ги прифати како докази.

Реагираше и адвокатот на Јовановски кој рече дека не може да се разбере и утврди кој со кого разговара и снимките немаат поврзаност со обвинението.