За Брнабиќ хрватската одлука за границите е „поразбирлива“ од црногорската која е „политичка“

739

Српската премиерка Ана Брнабиќ, оцени во четвртокот дека одлуката на хрватската влада да не ги отвори границите за српските државјани покажува дека Хрватска очигледно претерано не смета на туристите од Србија, како и дека е поради тоа е „поразбирлива“ од одлуката на Црна Гора да не го дозволи влезот на државјаните на Србија.

Брнабиќ во емисијата „Фокус“ на телевизијата Б92 рече дека ѝ е „потполно јасна пораката на Подгорица“ дека „во Црна Гора се непожелни граѓаните на Србија“, додека одлуката на Хрватска ѝ е поразбирлива и појасна, бидејќи „очигледно не сметаат претерано на туристите од Србија“, туку на оние од десетте земји од Европската унија за кои ги отвора своите граници.

„Веројатно проценуваат дека од тие земји им доаѓаат најголем број туристи…. Претпоставувам дека не сметаат многи на бројот туристи од Србија, оа ова веројатно не им е особено важен пазар“, рече српската премиерка.

Истакна е и дека ѝ е „совршено јасна пораката која доаѓа од Погорица“ дека граѓаните на Србија се „непожелни во Црна Гора“.

„Мислам дека ваквата одлука е погрешна и дека тука станува збор за класичен случај кога политиката или политикантството ви го замаглуваат економскиот интерес или она што е добро за вашите граѓани и вашата економија“, рече Брнабиќ за ТВ Б92.

Смета дека одлуката на Подгорица да не ја отвори границата за државјаните на Србија е „водена од политичките мотиви“, но верува дека одлуката ќе биде променета под притисок на економската логика и интересите.

„Туризмот сочинува најголем дел од нивниот БДП, од нивната економија, затоа што нашите турусти се многи добри туристи. Во еден момент ќе попуштат под притисокот на хотелиерството и угостителската индрустрија“, рече Брнабиќ убедена дека Подгорица тогаш ќе ги повика српските граѓани да одат во Црна Гора.

Но српската премиерка им порача на сонародниците да не одат онаму каде што се неппожелни, сугерурајќи летните одмори да ги минат во Србија.

„Србија ја почитува Црна Гора како соседна држава и целосно е за регионална стабилност и подобро регионално поврзување“, порача Брнабиќ.

Владата на Црна Гора претходно во четвртокот најави отворање на границите од 1-ви јуни, но на листата земји на чиишто државјани ќе им биде дозволен влез во земјата ги нема Македонија и Србија.

Истовремено хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, образложувајќи ја одлуката за дозволување влез на државјаните од некои земји при што исто така ги нема Македонија и Србија, рече дека на тоа влијаеле епидемиолошките показатели во одредените земји.

Македонските власти досега не реагираа на споменатите одлуки на Загреб и Подгорица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.