За брзо возење 41 казна на територија на СВР Битола

Во периодот од 8 до 14 часот во четвртокот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 41 возач.

Како што информираа од МВР, од нив 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место.