За брзо возење казнети 153 возачи

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 153 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.