За брзо возење казнети 175 возачи во еден ден

18

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи.

Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.