За брзо возење санкционирани 235 возачи на територија на Македонија

При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на државата санкционирани се 235 возачи за брзо возење.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број на изречени санкции, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила со над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 129 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.