За четири дена вакцинирани над 220 деца во Скопје

Во текот на изминатите четири дена повеќе од 220 деца се вакцинирани во пунктовите за вакцини на Здравствен дом Скопје. Тие не биле вакцинирани, а одредени ја примиле и ревакцината, што е дополнителен број кој ја зголемува бројката од 220, изјави денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ.

Во однос на тоа дека е прогласена епидемија на морбили на која треба да се фокусираме, посочи ги отвориле пунктовите за вакцинирање каде било за граѓаните на Скопје.

Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред се ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца, рече Мехмедовиќ,