За четири часа 23 возачи во Тетово казнети за непропуштање пешаци

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 23 мерки (Тетово 20, Гостивар 3) против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.