За четири дена Државниот пазарен инспекторат затворил 21 објект

31

Над 11 илјади надзори направиле шест државни инспекторати за четири дена, а најмногу од нив биле од ДПИ, вкупно 9658.

Ова денеска го истакна претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

„Затворени се 21 угостителски објект во повеќе градови, како во: Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга. Овој инспекторат е задолжен и за контрола по одлуката за замрзнатите цени. Во таа насока, направил вкупно 869 надзори за контрола и кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цената, но веднаш се задолжени да ги вратат цените од 11 март“, рече Филиповска-Грашкоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.