За да се надмине кризата потребно е средствата да се насочат кон продуктивната компонента

Данела Арсовска од Сојуз на стопански комори во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за економската криза предизвикана од КОВИД-19 каде посочи дека позначајна е продуктивната компонента каде тоа значи дека оттаму ќе се добие додаде вредност и самите пари ќе генерираат нови пари и нови работни места.

Многу поважно да се насочат средства во продуктивниот дел на економијата односно да се насочат средства не на социјалната туку на продуктивната компонента. Тоа значи парите да се доделат таму каде вие понатаму ќе добиете додадена вредност, таму каде што самите пари ќе генерираат нови парии, ќе генерираат нов работни места. Тоа е она што треба да се случи и таму треба да се фокусираат затоа што социјалните мерки како такви само не продуцираат ништо ново, немаат додадена вредност. Тие во еден момент се даваат и во еден момент ќе мора да престанат, особено во моментот кога ќе нема повеќе од каде, рече Арсовска во своето гостување.