„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот
„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот
„За да се памти“ е насловен концертот кој ќе се одржи вечер на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ по повод Денот на победата над фашизмот 9 Мај.

На концертот ќе настапат Ана Кондратенко, прва виолина на Македонската филхармонија, пејачката Викторија Лоба и трио „Џентлмени“, како и руските културно-уметнички друштва од Република Македонија.

Пред почетокот на концертот е највено обраќање на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

На 9 Мај се одбележува капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, која во Русија се нарекува Голема татковинска војна.

За Денот на победата, во Русија е распространето китењето со црно-портокалова лента, која симболизира чад и пламен, а изразува почит и благодарност за учесниците во војната.