6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

За да се спречи инцидент, Грција и Турција договориле преговори во НАТО

Грција и Турција се согласија за технички преговори во НАТО „за да се спречат нови инциденти на истокот на Средоземното море“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Во последниве денови, Анкара и Атина ги мереа силите во областа, ескалирајќи ги тензиите, додека голем број инциденти предизвикаа загриженост за развојот на кризата. Двете земји се во расправија околу поделбата на резервите на подводен гас ,откриен во последниве години.

„По моите разговори со грчките и турските лидери, двајцата сојузници се согласија за технички преговори во НАТО за утврдување на воени механизми за смирување и намалување на ризикот од инциденти на истокот на Медитеранот“, напиша Столтенберг на Твитер.

„Грција и Турција се вредни сојузници, а НАТО е важна платформа за консултации за сите прашања поврзани со заедничката безбедност“, додаде тој.

Вчера, американскиот државен секретар Мајк Помпео побара Атина и Анкара „да ги намалат тензиите“ и да ја запрат ескалацијата во источниот Медитеран.