За дадилката која го тепаше детето во игротека, 30 дена притвор

Дадилката која вчера беше фатена како тепа две годишно дете, доби 30 дена притвор за сторено дело насилен криминал врз малото дете. Нејзиното агресивно однесување врз детето беше регистрирано на камера во игротека со Скопје.

На снимката се гледа како на едно од трите деца со кои доаѓа, му удрира шлаканици, го влече по подот и насилно го седнува на столче.

Нејзиното агресивно однесување го пријавал менаџерот на игротеката. За случајот е известен и Центарот за социјални работи.