За десет дена во Јемен во воздушни напади убиени 136 цивили

Најмалку 136 цивили се убиени во десет дена во Јемен во воздушните напади на сунитската коалиција од земјите кои ги води Саудиска Арабија, соопштија во вторникот Обединетите нации и се изразува жалење поради интензивирањето на воздушните напади.

„Длабоко сме загрижени од неодамнешното зголемување на бројот убиени и ранети цивили во Јемен по интензивирањето на воздушните напади на коалицијата која ја води Саудиска Арабија по смртта на поранешниот јеменски претседател Али Абдал Салех на 4-ти декември. Нашата канцеларија во Јемен потврди смрт на 36 цивили и 87 ранети во воздушните напади меѓу 6-ти и 16-ти декември“, прецизираше за медиумите портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Руепрт Кловил.

Најмалку седум цивили се убиени во воздушни напади врз болницата ал-Худаџда на 10-ти декември, се наведува во извештајот ОН. Коалицијата извела седум воздушни удари на 13-ти декември врз комплекс на воената полиција во Сана. ОН наведува дека напади биле насочени и врз еден затвор и во нив се убиени 45 лица и 53 се ранети. Сите жртви биле затвореници, покажуваат информациите на светската организацијата.

Коалицијата којашто на води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Бунтовниците кои ја обвинуваат владата на Хади, кој своевремено пребега во Ријад, дека ги толерирала бунтовничките племиња поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, освоија големи области на земјата, меѓу кои е и главниот град Саана, која и натаму е под нивна контрола.

Во оваа земја трае најтешката хуманитарна криза на светот и на милиони луѓе директно им се заканува глад, предупредуваат од ОН. По интервенцијата на коалицијата на Саудиска Арабија во судирите загинаа уште околу 8.750 луѓе а повеќе десетици илјади се ранети. Од крајот на април годинава над 2.000 лица умреле од колера.

„Бараме од сите страни во судирот да ги почитуваат своите обврски во врска со меѓународното хуманитарно право“, изјави Руперт Колвил.

Во разговорот за агенцијата AFP Високиот комесар за човекови прва на ОН, Зеид Ра’ад ал-Хусејн во понеделникот оцени дека „насилството, со блокадата во пристаништата под контрола на бунтовниците, доведе до стравични ситуации во Јемен, висински пекол за многу негови жители“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.