За десет години продажбата на автомобили падна за 4 проценти

Според податоците на агенцијата „Фич“, глобалната продажба на автомобили се намали на 3,1 милиони возила оваа година, што е помалку за околу четири проценти во однос на претходната година. Не само што оваа година е втора година по ред што бележи пад на продажбата, „Фич“ исто така посочува дека 2019 година ќе остане запаметена по најголемиот пад на продажбата на нови возила од 2008 година кога глобалната финансиска криза го потресе светот.

„Фич“ очекува да се продадат 77,5 милиони возила оваа година, додека 80,6 милиони возила беа продадени минатата година, за разлика од 81,8 милион автомобили, кои добија свои сопственици една година пред тоа.

„Падот на глобалниот пазар на автомобили од средината на 2018 година е клучен двигател на падот на глобалното производство и изгледите за продажба на автомобили стана многу полошо од нашите очекувања“, рече Брајан Култон, главен економист во „Фич“, за Си-ен-ен.

Поради слабиот раст на кредитите, поголема побарувачка за користени возила и нови стандарди на емисија на издувни гасови, побарувачката за нови автомобили е значително намалена во Кина, најголемиот светски пазар. Во првите 10 месеци од оваа година продажбата на кинескиот пазар падна 11 проценти.

На почетокот на годината владата во Пекинг ги намали субвенциите за електрични возила намалувајќи ја продажбата и во тој сегмент. Покрај Западна Европа, се очекува и продажбата во Бразил, Русија и во Индија да опаѓа.