За Димитров достоинството било ‘црвена линија’

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека за Гоце Делчев читал многу записи деновиве, во пресрет на посетата на Бугарија.

Тврди дека делото на Гоце Делчев може да биде мостот кој ќе ги поврзе Македонија и Бугарија.

Димитров вели дека не треба да се плашиме од тоа дека сме помлади од други балкански нации.  

„Јас сум убеден дека Бугарија нема интерес да ни наштети“, вели тој.

Димитров рече дека достоинството е црвена линија. Сепак, што ќе пишува во учебниците за ликот и делото на Гоце Делчев, рече тоа за тоа ќе одлучат комисиите кои разговараат.