За дипломатите и транзит превозниците од Македонија нема карантин во Словенија

Македонските граѓани кои планираат да отпатуваат во Словенија не одат во државен карантин, туку во самоизолација која трае две недели, а оваа мерка стапува на сила од денеска. Оние со работна виза самоизолацијата ја поминуваат на местото каде што престојуваат или живеат, а ако во Словенија одите на покана на некоја официјална институција, а се сместите во хотел тогаш таму ја издржувате мерката на изолација, објаснуваат од Амбасадата на Репубика Словенија во Скопје.

Овие мерки за патницие од земјава што ги воведе словенечката влада вчера ги објави тамошното Министерство за внатрешни работи со образложение дека епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка. Самоизолацијата се однесува на сите ониe кои во Словенија ќе дојдат од Македонија, па дури и за словенечките државјани.

Во информацијата што ја објави словенечката амбасада во Скопје на фејсбук се вели дека  исклучок во рестрикции за влез во Словенија има само за работници во секторот на меѓународниот превоз, потоа
– лица кои вршат превоз на стока во Словенија или од државата, како и превоз на товар во транзит, потоа оние кои патуваат во транзит преку Словенија во друга држава за 24 часа по влезот и лица со дипломатска патна исправа.