За дневниот престој се уште дискутираат во Комисијата за заразни болести и Министерството за труд

Министерката Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во однос на целодневната настава се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика.

-Се разгледува можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите, штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена, рече Царовска.