За двајца скопјани поднесени кривични пријави за поседување амфетамин и марихуана во Дојран

МВР, односно надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривични пријави против две лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

М.А.(21) од Скопје на 08.07.2018 во 00,30 часот во Дојран, од полициски службеници, кај пријавениот, бил пронајден и одземен амфетамин.

В.Н.(29) од Скопје на 07.07.2018 година во 22,00 часот во Дојран, од полициски службеници, кај А.Д. била  пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавила од пријавениот. По ова, бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.