![ohridsko ezero kajce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/ohridsko-ezero-kajce.jpg?resize=696%2C333&ssl=1)
Во текот на мај и јуни годинава на Охридското Езеро се одземени 126 рибарски мрежи со 219 парчиња риба и се поднесени две кривични и неколку прекршочни пријави, соопшти полицијата.
Ваквиот биланс е од неколку патролни контроли што полицијата ги направила во соработка со инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Полициските службеници во водите на Езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2. 800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице кое со харпун ловело риба во езерските води“, велат од МВР.
Додаваат дека поднеле две кривични пријави за лицата поради илегален премин на државна граница и незаконит риболов на територијалните води на Северна Македонија. Прекршочни пријави, пак, се поднесени според Законот за рибарство и аквакултура, а една според Закон за внатрешна пловидба.