За еден час повеќе од 40 земјотреси во Албанија

Повеќе од 40 послаби земјотреси за само еден час ја погодија Албанија, откако изутринава, околу 11:00 часот, во регионот на Тирана се случи потрес од 5,2 степени по Рихтер.

Поради паниката голем број граѓани се надвор од своите домови, а сеизмолозите најавија и други потреси додека да се смири тлото. Засега нема информации за повредени, но веќе се евидентират оштетувања на објекти. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Косово.