Во текот на изминатите денови (27 и 28.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 112 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 28 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се 15 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.
Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.
Во текот на изминатите денови издадени се 48 мандатни платни налози и 41 возило е подигнато со специјално возило “пајак”.