За еден ден само во Скопје полицијата казни 319 возачи

13

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 18 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 18 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за возење под дејство на алкохол, 19 за користење мобилен телефон, 13 за некористење сигурносен појас, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 санкција за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.