За еден ден во Скопје се казнети 509 возачи, а 66 возила биле технички неисправни

Ако помисливме дека зачестените сообраќајни контроли на полицијата ќе дадат резултат и возачите ќе бидат посовесни кога се во сообраќајот последните бројки го покажуваат спротивното. За еден ден во Скопје се казнети 509 лица во сообраќајот, и најлошо е што имало 66 возила што биле не регистрирани односно технички неисправни.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20 октомври) на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење биле 75.

Во контролите е утврдено дека 41 лице некористело сигурносен појас, а 91 лице имале непрописно паркирање и 74 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“

Биле напишани и 44 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.