За еден ден вредноста на биткоинот падна за 3,5 отсто

На најголемата светска берза за криптовалути, Binance, Биткоинот денеска има вредност од 23.078,55 евра. Вредноста падна за околу 3,52 отсто во последните 24 часа. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 16,09 милијарди евра, пренесува Танјуг.

Тој е значително опаднат во однос на вчерашниот ден. Падна и вредноста на криптовалутата итриум за околу 5,67 отсто, на 1.512,94 евра, како и на Binance Coin (BNB) – за околу 5,30 отсто, на 215,28 евра.

Криптовалутите dexe (DEXE), tvt (TWT) и juestisi (USTC) бележат најголем раст денес.

Трансакциите со криптовалути се анонимни и се вршат без брокери или посредници. Вредноста е децентрализирана, значи дека не е контролирано од банка или влада.

Биткоинот е 100% дигитален. Биткоинот е зачуван во дигитален паричник, кој е на вашиот компјутер. Тоа е како да имате виртуелна сметка во банка. Но, за разлика од банкарските сметки во валути, овде вредноста се менува на дневна оснава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.