За една недела падна бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 на глобално ниво

Најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека минатата недела е намален бројот на нови случаи со ковид-19, но од друга страна СЗО предупредува дека нерамномерната дистрибуција на вакцините може да го одложи закрепнувањето на економијата на глобално ниво и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој.

Извештајот покажува дека минатата недела (од 25 до 31 јануари) биле пријавени 3,7 милиони новозаразени. Тоа е за 13 проценти помалку од неделата претходно.

Кога е во прашање бројот на смртни случаи речиси и да нема промени односно забележано е умерено опаѓање од само еден процент.

Во неделата што заврши на 31 јануари, во светот беа пријавени 3,7 милиони нови случаи на коронавирус, што е за 13 отсто помалку од претходната недела, според последниот извештај за состојбата на СЗО за Ковид-19.

Извршниот директот на СЗО за итна здравствена програма, д-р Мајк Рајан, овој извештај го оцени како добра вест, но предупреди и дека бројка од над 3 милиони новозаразени сепак е страшно висока.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.