За Ердоган неприфатливи се изјавите на Макрон за НАТО, Трамп разочаран

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогаn ги оцениl во средата како „неприфалтиви“ изјавите за НАТО од неговиот француски колега по должнот Емануел Макрон кој рече дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“ и иzрази притоа жалење поради турското „однесување“ во Сирија.

Ердоган бил „многу разочаран“ од француските изјави за НАТО, рекол американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба во текот на средбата со турскиот претседател. „Мислам дека на претседателот (на Турција) навистина не му се допаднале (…) и мислам дека многу луѓе исто реагира“, рекол Трамп.

„Неприфатливо“, кусо коментирал турскиот претедател

„Немате никава координацја на стратешката одлука на САД со партнерите во НАТО и сведоци сем на агресија на еден друге партнер на НАТО, Турција, на подрачје на кое ние имеме интерес“, рече пред една седмица во интервју за британскиот неделник The Economist францускиот претедател, алудирајќи на турската воена интервенција во Сирија.

„Она што се случи е голем проблем за НАТО… Што утре ќе биде со челнот 5? Доколку режимот на (сирискиот претседател) Башар ал- Асад ѝ одговори на Турција, дали ќе се вклучиме? Тоа е вистинското прашање“, запраша во интервјуто Макрон прашувајќи се за судбинатана Членот 5 од Северноатлантскиот договор кој предвидува воена солидарност меѓу членките доколку биде нападната една од нив.

„Многу сме разочарани од изјавите на Франција во врска со НАТО. Тоа е сериозна изјава, што Франција ја даде пред неколку дена“, рекол Трамп и повторил дека забелешките на Макрон „потполно го загрижиле“ Ердоган. „Мислам дека не беше многу задоволен од нив“, додал Трамп кој со турскиот челник разговарал во присуство на американски сенатори.

Претходно во средата во изјавата пренесувана од американските телевизии, Трамп рече дека е „разочаран“ од забелешките на францускиот лидер за „мозочната смрт“ на НАТО.